Икона изработена од метал, во техника на ковање. Иконата е монтирана на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Свети Јован Крстител
1.990 ден – 7.080 ден
Иконографија
Икона на Свети Јован Крстител. Допојасна фигура на Светителот претставена во фронтална поза. Со десната рака благословува, додека во левата држи скиптар со крст и затворен свиток.
За Светецот
Свети Јован Крстител во христијанството се почитува како светец, маченик и претходник на Исус. Според христијанските преданиа тој е роден во Јудеја, шест месеци пред Исус во семејство на јудејски свештеник. Своето детство и раната младост ги има поминато во побожниот дом на своите родители.
Свети Јован заминал од дома за да живее во јудејската пустина близу до реката Јордан, каде времето го поминувал во пост и молитви. Тој проповедал дека сите луѓе треба да се покајат за направените гревови. Со своите дела и зборови, набрзо стекнал голем број истомисленици и прераснал во важна религиска личност меѓу евреите.
Според тогашните закони, учител можело да биде лице со наполнети 30 години. Затоа и Исус, кога наполнил 30 години, дошол на реката Јордан за да биде крстен.
Свети Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко го критикувал неморалот, лагите и развратот. Посебно на удар на неговите критики бил управникот на Галилеја, Ирод Антипа. Поради јавните критики, Ирод го ставил во затвор Свети Јован а по некое време наредил да се убие и да му се отсече главата.
Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот.
Свети Јован Крстител има посебно место во христијанската религија како најголем меѓу родените од жена. Тој заедно со Пресвета Богородица се врска помеѓу стариот и новиот свет, тие се врската помеѓу Стариот и Новиот завет.
За Производот
Пригоден подарок за слава, именден, вселување во нов дом, осветување на дом, крштевка …
Правоаголна рамка |
Димензија-1 / 13х16см. ,Димензија-2 / 17х21см. ,Димензија-3 / 20х24см. ,Димензија-4 / 25х32см. ,Димензија-5 / 30х37см. |
---|