Икона изработена од метал, во техника на ковање. Иконата е монтирана на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Свети Димитриј Солунски
1.990 ден – 7.080 ден
Иконографија
Икона на Свети Димитриј Солунски. Допојасната фигура на Светителот е претставена во фронтална поза. Цветителот во десната рака држи копје, додека во левата рака држи меч.
За Светителот
Свети Димитриј е роден во Солун во богато благородничко семејство. Неговиот татко бил војвода на Солун. Кога татко му починал на неговото место го поставиле Свети Димитрј да биде солунски војвода. Во тоа време со Римското царство владеел императорот Диоклецијан кој наредил рушење на сите цркви и спалување на светите книги, одземање на граѓанските права, честа и заштитата на христијаните. За да има поголема контрола Диоклецијан го поделил царството на три дела со тројца владетели. Максимијан владеел со Солун и му наредил на Свети Димитриј да ги гони и истребува христијаните во Солун, но тој пред царот храбро се изјаснил дека е хриситјанин и ја бранел својата вера. По наредба на Максимијан, на 08 ноември 306 година Свети Димитриј е погубен. Според преданија на црквата неговото тело христијаните тајно го зеле и достојно го погребале.
Православната црква го смета за еден од најголемите и најпочитувани светци.
За Производот
Пригоден подарок за слава, именден, вселување во нов дом, осветување на дом, крштевка …
Правоаголна рамка |
Димензија-1 / 13х16см. ,Димензија-2 / 17х21см. ,Димензија-3 / 20х24см. ,Димензија-4 / 25х32см. ,Димензија-5 / 30х37см. |
---|