Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на самостоечка кадифена основа која е сместена во украсна кутија со капак.
Плаошник, Црква Свети Климент и Пантелејмон, Охрид, 893 год., Македонија
1.980 ден – 3.820 ден
Опис на Мотив
Плаошник, Црква Свети Климент и Свети Пантелејмон, Охрид, 893 година
Црквата Свети Климент и Свети Пантелејмон историски, културно и духовно е најзначајниот и најсветиот простор за Македонија и пошироко. Ова светилиште одиграло голема улога и во просветувањетот на Македонците.
Свети Климент кој бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кон крајот на 9-ти век доаѓа во Охрид и во 893 година ја изградил Црквата Пантелејмон на Плаошник. Поред неговата духовна дејност тој имал и огромно просветителско влијание. Во Плаошник ја основал Охридската книжевна школа. Низ Охридската книжевна школа поминале повеќе од 3500 подготвени ученици и таа во тоа време претставувала центар на образованието и јазикот, повеќе позната е како „Прв словенски универзитет“. Црковните книги кои во Охридската книжевна школа се пишувале на кирилица претставувале темел за ширење на правосланото христијанство на Балканот и пошироко.
Уште додека бил жив Свети Климент ја проширил црквата и во неа изградил скоромен гроб во кој бил погребан по неговата смрт во 916 година. Во 15-ти век во периодот на Отоманското владеење, црквата била до темел разурната.
Во 2002 година црквата Свети Пантелејмон е обновена и во неа се пренесени моштите на Свети Климент. Од тој момент црквата званично го носи името Свети Климент и Свети Пантелејмон.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Правоаголна кутија |
Димензија-2 / 12х16см. ,Димензија-3 / 16х20см. ,Димензија-4 / 20х26см. |
---|