Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Виничка икона, Псалм 41 на Давид, 5-6ти век, Македонија
1.150 ден – 4.460 ден
Опис на Мотив
Теракотните икони се вбројуваат меѓу најексклузивните наоди во историјата на македонската археологија. Тие се археолошки пронајдоци, икони по својата содржина и облик но и светска реткост во областа на ранохристијанската археологијата. Иконите се пронајдени во наоѓалиштето Кале во Виница.
Виничка теракотна икона од 5-6ти век со со илустрана претсавата на Псалм 41 од Стариот Завет. Во правоаголна рамка прикажана е фигура на елен кој стои. Во просторот зад него се претставени две растенија со разлистени гранки кои создаваат амбиент на шумска вегетација. Под стомакот на животното, меѓу неговите нозе, прикажан е извор од кој истекува вода. Во просторот помеѓу рамката испишан е латински текст кој гласи: SICUT CERVUS DESIDERAT AD FONTES AQUARIUM (Како што кошутата копнее по водни извори).
Со овој стих почнува пеењето во процесија во Римската Црква за време на пасхалното бдеење пред Воскресната Недела. Теолошки и симболично, Псалмот 41 претставува песна која ја изразува желбата за Господ и неговиот храм.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Коцкаста кутија |
Димензија-1 / 13х13cm. ,Димензија-2 / 17х17см. ,Димензија-3 / 20х20см. ,Димензија-4 / 25х25см. ,Димензија-5 / 30х30см. |
---|