Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Виничка икона, Исус Навин и Калеб, 5-6ти век, Македонија
1.150 ден – 4.460 ден
Опис на Мотив
Теракотните икони се вбројуваат меѓу најексклузивните наоди во историјата на македонската археологија. Тие се пронајдени во наоѓалиштето Кале во Виница и по својата содржина и облик се светска реткост во областа на ранохристијанската археологијата.
Виничка икона со Исус Навин и Калеб, е теракотна икона од 5-6ти век со претстава на старозаветна сцена. На оваа икона претставени се ликовите на Исус Навин (Јошуа) и Калеб во војничка облека. Исус Навин е на левата страна од рељефот. Со десната рака држи копје а со левата рака покажува кон сонцето. Меѓу неговиот шлем и копјето претставена е ѕвезда. На десната страна фронтално е претставена фигурата на Калеб. Во левата рака тој држи копје а со десната го придржува штитот. Ликот на Калеб е благо свртен на десно со поглед вперен во сонцето на кое покажува Исус Навин. Над глава на Калеб претставена е месечината.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Коцкаста рамка |
Димензија-1 / 13х13cm. ,Димензија-2 / 17х17см. ,Димензија-3 / 20х20см. ,Димензија-4 / 25х25см. ,Димензија-5 / 30х30см. |
---|