Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на самостоечка кадифена основа која е сместена во украсна кутија со капак.
Александар Македонски, претставен со рог како симбол на моќ
1.980 ден – 3.820 ден
Опис на Мотив
Александар Македонски претставен со рог, симбол на моќ. Откако во Египет бил крунисан и прогласен за бог, Александар Македонски често е претставуван со симболиката на богот Амон Ра. Во египетската митологија Амон Ра бил бог на сонцето а рогот бил симбол на моќ, власт и доминација.
Александар Македонски
Александар III Македонски или Александар Велики бил античко-македонски крал од династијата Аргеади, син на Филип II Македонски. Роден е во Пела во 356 п.н.е. а починал во Вавилон, во 323 п.н.е. Старите Римјани му дале прекар Magnus, „Велик“.
Александар Македонски владеел од 336 п.н.е. до 323 п.н.е. и е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. Тој со своите достигнувања оставил длабока трага во историјата и прераснал во пример на херој, предмет на многу легенди.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Правоаголна кутија |
Димензија-2 / 12х16см. ,Димензија-3 / 16х20см. ,Димензија-4 / 20х26см. |
---|