Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на аплициран мозаик. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Стара Битола, мозаик
3.370 ден – 4.360 ден
Опис на Мотив
Мозаик со мотив од стара Битола.
Битола е град со богата историја која почнува уште од бронзеното доба. На местото од денешна Битола, во 4-ти век п.е. македонскиот кралот Филип II Македонски го оснива градот Хераклеја Линкестис. Низ Хераклеја поминувал римскот пат Вија Егнација и низ вековите таа се развила во силен економско-политички центар.
Во 1395 година Битола ја завзеле Отоманските војски и градот станува дел од Отоманската империја. За време на Отоманската власт, градот станува важен административен центар.
На крајот од 15-ти век Битола била населена со Евреи, кои биле избегани од Шпанија за време на црковната инквизиција на кралицата Изабела Кастиљска. Како врвни занаетчии и трговци посебно со своите добри трговски врски тие додатно го потпомогнале развојот на градот.
Најзначаен период од историскиот и стопанскиот развој на Битола е 19-ти век, кога во Битола е преместено седиштето на Румелискиот вилает, а Битола е рангиран за прв град во европскиот дел на Турција. Градот бил важен економски, административен но и културен центар. Во Битола имало многу школи, меѓу другите и воена академија, којашто ја посетувал и славниот турски реформатор Кемал Ататурк. Во тоа време браќата Манаки во Битола ги снимиле првите фотографии и филмови на Балканот.
Во врвот на својата слава, Битола имала дваесет конзулати, од тој период градот е познат и под името Град на Конзулите.
За време на Втората светска војна градот бил окупиран од Германија и Бугарија. На 11 март 1943 година, од страна на бугарските фашисти, целокупното еврејско население од Битола (3.011 Евреи) било депортирано во логорот Треблинка. Многу жители на Битола активно учествувале во борба против фашизмот се до ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Правоаголна рамка |
Димензија-4 / 25х32см. ,Димензија-5 / 30х37см. |
---|