Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на аплициран мозаик. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Саат-кула Гостивар, изградена во 1728 година, Македонија
1.220 ден – 4.360 ден
Опис на Мотив
Саат-кула Гостивар, изградена од Исмаил Агa во 1728 година
Саат-кулата во Гостивар еден од најзнаменитите и препознатливи објекти во градот Гостивар. Кулата е прогласена за културно-историски споменик и заедно со кулите во Скопје, Битола и Прилеп е една од најзачуваните оригинални саат – кули.
Изградена е во 1728 година од Исмаил Ага, син на Хаџи Јусуф Ага. Годината на градбата и името на градителот се запишани на османлиско-турски јазик на камена плоча што се наоѓа над влезната врата во кулата.
Саат кулата во Гостивар е сместена во центарот на градот и како симбол на градот Гостивар се наоѓа и на општинските симболи.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Правоаголна рамка |
Димензија-1 / 13х16см. ,Димензија-2 / 17х21см. ,Димензија-3 / 20х24см. ,Димензија-4 / 25х32см. ,Димензија-5 / 30х37см. |
---|