Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на самостоечка кадифена основа која е сместена во украсна кутија со капак.
Пеперутка, традиционален брош, 19 век, Македонија
1.740 ден – 3.100 ден
Опис на Мотив
Пеперутка изработена според традиционален брош од крајот на 19-ти век. Брошот претставува врвно филигранско дело на охридските мајстори од крајот на 19ти век.
Филигранот е древна кујунџиска техника за изработка на предмети од злато и сребро.
Со оваа техника се изработува накит (брошови, наушници, огрлици, нараквици …) но и поголеми предмети (токи, крстови, рамки, корици за книги …)
Со помош на фини сребрени или златни жици и ленти, често комбинирани со мали топчиња, се аплицираат најчесто орнаментални мотиви. Според својот изглед овие предмети на некој начин потсетуваат на чипка.
Филигранот веќе бил познат во античка Грчка, Етрурија и Рим, а својот врв го достигнува од 6ти до 12ти век во Византија. Пренесуван со векови од многу генерации на вешти мајстори, филигранот како техника е сочуван и се користи во Македонија до денешен ден.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Коцкаста Кутија |
Димензија-2 / 13х13см. ,Димензија-3 / 16х16см. ,Димензија-4 / 19х19см. |
---|