Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Менада, Тетово, 6ти век п.н.е., Македонија
1.440 ден – 5.130 ден
Менада, бронзена статуета. Тетово, 6ти век п.н.е.
Кај Старите Грци менадите биле придружнички на богот на виното Дионис. Богот Дионис бил бог на бербата на грозје, винарството и виното, на плодноста, на овоштарниците и овошјето, на вегетацијата, на веселбата и театарот. Статуи на менадите биле поставувани во храмовите но постоеле и менади танчерки кои биле облечени во кожа од леопард и за време на празникот на Дионис учествувале во свеченостите посветени на овој бог.
Тетовската менада е пронајдена 1933 година. Таа е бронзена статуета со висина од 9 см. и ширина од 4 см. Претставена е со поткренати раце, како да игра, и според изработката и стилот изработена е во доцноархајскиот период, помеѓу 530 и 500 година п.н.е.
Правоаголна рамка |
Димензија-1 / 13х16см. ,Димензија-2 / 17х21см. ,Димензија-3 / 20х24см. ,Димензија-4 / 25х32см. ,Димензија-5 / 30х37см. |
---|