Мотив од македонското културно наследство, изработен од метал, во техника на ковање. На посебно изработена метална плочка, мотивот е опишан на македонски и англиски јазик. Мотивот и металната плочка се монтирани на кадифена основа сместена во застаклена дрвена рамка. Производот е сместен во соодветна амбалажна кутија.
Обетки од Дебој, Охрид, 3-2ри век п.н.е., Македонија
1.590 ден – 5.400 ден
Опис на Мотив
Обетки од Дебој, златни обетки, Охрид, 3-2ри век п.н.е
Обетките се оформени во вид на алка, која е составена од сплет на жички. Вака формираната алка на едниот крај се стеснува и завршува со пирамидална форма од златни гранули. Другиот дел од алката конусовидно се проширува во вид на чашка изработена од златен тенок лим. Во отворот на чашката е всадена човечка црнечка глава, изработена од полудрагоцен камен во темни нијанси. Темето на главата и е покриено со златна фолија на која има прилепени спирали кои ја означува кадравата коса на прикажаниот лик.
Овој накит го претставувал уметничкиот стил на градот Александрија во посталександровиот период. Ваквите обетки особено биле омилени во охридскиот регион.
За Производот
Пригоден подарок за свадба, роденден, јубилеј, слава, именден, вселување во нов дом …
Долга рамка |
Димензија-1 / 13х19см. ,Димензија-2 / 17х24см. ,Димензија-3 / 20х29см. ,Димензија-4 / 25х38см. ,Димензија-5 / 30х43см. |
---|